внимание (имн.) - му (зам.)

Всушност вниманието му го привлече необичниот наслов во еден од весниците "Панаѓур на богатите и среќните".
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш вниманието му го привлече нешто друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја здогледа во момент кога целото внимание му беше сосредоточено врз еден диференцијал симнат од еден „ауди“ заради поправка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А малку потоа посака да рече дека само своите знаат да те суредат така што никогаш повеќе да не се разбудиш; но во тој момент вниманието му го привлече белутракот во калдрмата и веднаш оцени оти по десетото зрно, што веќе длабеше во него, ќе удри на белиот камен токму со челото. ___ * блуза **чета
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вниманието му го привлекува еден том во кожена подврска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вниманието му го привлекоа тие нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наеднаш занеме. Вниманието му се пренесе на нешто друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)