внук (имн.) - да (сврз.)

Кога Али Фети запали друга пура и му предложи на внукот да прошетаат во градината и до морскиот брег, Татко се почувствува среќен и задоволен што разговорот ќе продолжи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
IV Во ова царство на мажи и без царови Да му се поклонуваат сите на ножот В раце што го стегаат овие црни беласици И кории; Со него сите очи да им се извадат; Во онаа провалија долу И телата со него да им ги избодат - На опинчарите на рибарите на брсјаците Да остане ова царство пусто И само камен Црн гол камен да се народи Името под себе да ни го чува Внуците да ни ги откопаат Со нив и ние да векуваме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што заборавате, што заборавате дека моиве ластари ќе бидат ваши раце кога ќе легнете - со внуците да се здравувате А сте ме оставиле само среде оваа штура голотија на ридов за да не умре од немаштија и за да го дојам сонцето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Ете, уште една желба и задача за во годината во која одвај зачекоривме“, рече тато Петре, кој оставаше дедото и внукот да си разговараат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)