внук (имн.) - или (сврз.)

Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може ќе сум баба тогаш, ќе имам внук или внучка, ќе доаѓам тука да ги шетам, и ќе им раскажува, за смрдливото Вардариште“ во еден здив кажуваше Нина - „а тие нема да ми веруваат“ „Десет минути!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина треварите стоеја зад него и го мереа навредено под очи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)