внука (имн.) - или (сврз.)

дедото и двата внука или кукла играта за возрасни како воспитно средство во нивната адаптација кон современите услови на животот ...гледајќи низ прозорецот, постариот внук продолжува: фактот што шимпанзото, делфинот, желката од Галапагос подобро ги познавам од некои домашни животни, поточно јарецот и биволот, веројатно доаѓа од таму што уште од своето најрано детство, безбедно и долготрајно сум го гледал анимал зад решетки, потоа тој ист анимал на малиот и голем екран, во црно бело издание или во колор, во гро-план, слоумоушн, со стручен коментар и соодветна музичка илустрација.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)