воздух (имн.) - лебди (гл.)

Седевме така еден наспроти друг, а во воздухот лебдеше страшната вест, тој збор што предизвикува таков страв и ужас кај луѓето - РАК.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во воздухот лебдеше скорешниот пад и распад на земјата што ја претставував, макар што никој како да не сакаше да верува во тоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше убаво од него, но нешто во воздухот лебдеше и зборуваше дека ништо не е како порано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)