воздух (имн.) - кој (зам.)

Прашањето е дали тоа делува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А бидејќи тоа е Уметност, каква е тоа Уметност?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа не е игра: тоа ни овозможува да кружиме надвор од гробовите во кои се наоѓаме (дамки светлина и звук во воздухот кој го вдишуваме). 2.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се откажав од помислата да влезам и во друг диско-клуб, зашто барав многу чист воздух кој го имаше во изобилство крај брегот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го отворавме прозорчето низ кое влегуваше остар и студен планински воздух кој мирисаше на борови и елки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Жедна поради самотијата и лагите, од воздухот кој во собите на замокот е посув од пламен, го бараше исчезнатиот сок на нејзините гради.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гронинг: Тој дојде во студиото на Фокс и погледна во Барт Симпсон скиролот обесен на ѕид, во Барт Симпсон освежувачот на воздух кој висеше од мојата ламба и рече, „Боби, што правиш со својот живот?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Ја држеше главата спуштена и немилосрдно црташе нешто во својот тефтер.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас знам зошто на Дејан му е скршен носот, но не сакам да го прашам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Под ноздрите крвта ми се засирила и треба да внимавам да не му нанесам притисок на мојот бескорисен орган за дишење кога ставам маст на горната усна, бидејќи сета сум со корички од воздухот кој ми се чини сув.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Човечкото суштество е најкревко во стравот и очајот; мојот страв, роден од очајот на Рајнер, се откриваше во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на моето тело, во ехото на моите зборови, во сенката на мојот поглед, и мајка ми тргнуваше по трагите на стравот, ги забодуваше своите зборови во мојата ранливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми велеше дека целиот живот ќе бидам сама, ќе тонам во својата самотија, ќе останам немажена и така ќе бидам срам за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш се сети на зборовите на Кјеркегор: „Што е поетот?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)