воздух (имн.) - му (зам.)

Токму во тој миг автобусот ја отвори вратата, а свежиот воздух му го поврати загубениот здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гробовите, сликите на нив, крсотвите, запалените свеќи, исушеното цвеќе, садовите со песок за држење свеќи, керамитките што го заштитуваа пламенот, шишенцата со масло и вино, плачењето, тажењето над нив - сето тоа мачно го доживуваше; дури му се чинеше дека сè што растеше во гробиштата: и дрвјата, и тревата и цвеќињата, и ползавците по дрвјата - сите тие како да се поинакви од оние што растат вон гробиштата; и воздухот му се чинеше дека во гробиштата е поинаков, потежок, позадушлив; и светлината му се чинеше дека во гробиштата е поинаква, поинаку свети, пеплаво, чудно; и сенките од дрвјата се поинакви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога беше добро разоден по таа бела рамнина, сети како низ јасниот утрински воздух му влетуваат во лицето препреругите на првите топлини на сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Студениот воздух му ги наполни градите и му ги избистри очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Врелиот воздух му ги пали ноздрите и не го заситува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)