воздух (имн.) - ќе (чест.)

Секој што знаеше дека некој документ е за уништување, или кога ќе забележеше парче фрлена хартија на подот, автоматски го креваше капакот од најблиската дупка за сеќавање и го фрлаше во неа, од каде струјата топол воздух ќе го зафатеше и ќе го однесеше до огромните печки скриени некаде во длабочините на зградата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)