волк (имн.) - или (сврз.)

- А бре, кој ќе нѐ чуе ваму, вели Јоше Свирачот, волците или вејвериците?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татевото палто ќе го закачиме на столот и тоа ќе биде или волк или мечка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Денес, податокот дека пред само една година дедо ми ја прочита веста за првиот фатен примерок на Канус Амарилус, како да се работеше за интересен улов на волк или мечка, ми се чини фантастичен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како што зимоска срната се засолни овде во манастирон од глад или потера од волк или нешто друго, таа така и сега е дојдена од мака.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали е тоа крвта на некој ранет волк или, пак, некој волк го влечел угоре искасапеното тело на кучето?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)