востание (имн.) - за (предл.)

Солунските весници предупредуваат: ,По ден-два ќе се крене Комунистичкото востание за автономија на Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, Мисирков не е против Организацијата: тој беше само категорички против продолжувањето на неподготвеното и ненавремено народно востание, како и против планирањето ново востание за идната пролет, за коешто пишуваше печатот и за кое зборуваа некои наши револуционери. 47.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако успее во тоа, толку подобро за Македонија, но, ако од разни причини не успее, а се предизвика некое парцијално востание за какво што агитирале и работеле врховистите, и едните и другите нека ја сносат одговорноста.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)