врата (имн.) - го (зам.)

Трчајќи, тој одоѕгора со изваден нож, сакаше да го онеспособи Сивета, замавна да го удри, но место Сивета, го удри другар си така силно по глава, што тој се заниша и падна како ќутук под стреата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но на малата врата го грабна за рахавчовек и Сиве се здавелка со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред врата го пречека Гога и го прегрна како мил другар преку рамо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На надворешната врата го сретнав поштарот кој ја имаше во едната рака одделено нашата дневна пошта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силно тропање на надворешната врата го тргна од мислите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дошла помалата и уште од врата го затнала носот, наѕрела и си отишла.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од вратата го заплисна мирисот на помфрит, арома која што дополнително му го креваше ентузијазмот за јадење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар не ги сакаше многу електронските звуци, па и сега кога на врата го заплиснаа како студен декемвриски ветер, малку му се скисели во душата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Преку затворената врата го слушам неговиот глас, како да поздравува некого: Тука сум!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повремено низ вратата го прашувавме дали му е потребно нешто, но ретко добивавме одговор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Трајче куцкајќи се врати дома... Мајка му уште од вратата го прекори: - Кај си досега?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе бидат многу претпазливи, ако треба, ќе се преправат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една вечер госпоѓите Нини, препалени, пред својата врата го видоа изобличен својот некогашен чуден потстанар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)