врата (имн.) - ја (зам.)

Но пријателите Гуле, Гуце, Тодор, Марко и друга му дадоа да разбере дека селаните се оружани и ако почне да прави некои лудории како што си имаше обичај порано, ќе го врзат и ќе го предадат на бимбашијата, којшто толку пати ги советува, та дури и замоли да му го предадат Толета: голем бакшиш ќе добиеле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да го заплашат овие „Грци“ „Бугаринот“ Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека има најмалку педесетшеесет такви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
2. Средата поручек Боцевата берберница е живната. Пред вратата ја опчекориле клупата и играат шах слепиот Саве и син му на Боцета, Миланче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ефектот беше постигнат; она сум ја исчукал машки, таа моја асоцијација на случката со тропањето на вратата ја заврши работата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вечерта ја залостувам врата. И големата и малата врата ја залостувам и се шуткам низ куќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)