врата (имн.) - ќе (чест.)

Зарем веќе! Седеше тивко како глувче, во залудна надеж дека кој и да е на вратата ќе си замине по првиот обид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секогаш кога вратата ќе се затвореше, масата, што беше меѓу нив, се затресуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најдобро ти е да молчиш… така, нема да ти запишуваат што сè си кажал, ама, гарант, кога сродната душа ќе се прибере од некаде, а желно ќе ја пречекаш, тие од врата ќе ја дочекаат со зборовите: „Кај го најде намќоров, не зина цело утро …никако не му се угодуе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не, се предомислив, дедо е стар за да научи да вози, автомобил со четири врати ќе му купам на чичко ми Ванчо...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите борци кои го дадоа животот за Македонија тука ќе свратат, тука на наша врата ќе тропнат, и со мртвечки раце згрчени во сонот, ќе ги угушат чедата нивни, ќе ги опакостат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се враќам дома, а Уља, уште од врата ќе ми рече: - Мори, кај си, Велико, што се стори, што направи?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)