врати (имн.) - во (предл.)

Воопшто не ми е јасно каде хипиците ги нашле сите тие приглупи идеи за „враќање во племе” во средина на 20 век.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А. ми се допадна, продолжи Пол, бидејќи дегените таму остануваат изолирани во нивните куќи во предградието и тоа е толку прекрасно бидејќи е неверојатно современо - луѓе изолирани едни од други...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Освен тоа кралот е потомок на истакната германска династија, неговите убедувања се такви, и ако сакате да знаете, ние комунициравме токму на...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас му искажав лојалност веднаш по неговото враќање во земјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
СЕПАК СЕ ВРТИ Музиката за апсолутни слухисти нема кој да ја слуша. Сите слушаат говори на плоштадите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секое разбудување е присилно враќање во стварноста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Може дури да се рече дека Кулик се обидува да ја отелотвори желбата на длабинските еколози за враќање во природна состојба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што се однесува до Џоен, се согласуваат дека таа е заглавена во околината на второто П, со повре­мени враќања во Бес, или дури и Порекнување, и скокови во Депресија, но без ниту една единствена трошка Прифаќање на претстоечката смрт на својот партнер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова било симболично враќање во неговата када од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неуспехот ќе значеше враќање во Алжир и состојба на потполна неизвесност - а јас не сакав засекогаш да се вратам во Алжир (едновремено и поради тоа што имав впечаток дека никогаш нема да можам да “пишувам” доколку живеам “дома”, а и поради политички причини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсекогаш страдав од „школска болест“, онака како што зборуваме за морска болест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој се обиде, со сите сили, борејќи се со одземеноста на дел од лицето, да ни ја упати истата благост со која н пречекуваше, истата насмевка, исполнета со љубов и со топлина, за да ни го потврди своето сигурно враќање во живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не можеше да утврди дали беа тоа солзи радосници поради неговото враќање во животот, кај сиџилите, или беа солзи поради нешто друго, нешто што го знаеше само таа, иако немало никогаш тајни во заедничкиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега покерот го означи Татковото конечно враќање во живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше наумила, целото семејство да го прослави Татковото враќање во Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За него, последната битка со Мирон Донски и со Архивот, околу неговото враќање во царството на сиџилите, беше завршена пред да почне...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А откако го исклучи Татковото враќање во Цариград, неа сега ја мачеше нова загатка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прв пристигна братот кој студираше медицина, по завршеното средно медицинско училиште, а потоа се собравме сите за да го прославиме Татковото враќање на работа што, всушност, беше и негово враќање во живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еден ден пред Татковото враќање во Архивот, по боледувањето, кога беше донесена одлука да му се одземе работниот кабинет со сиџилите, директорот Мирон Донски, во пароксизмот на својот бес, го повикал Псалтир Палигоров на разјаснување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби можеше да најде начин да го задржи Бојан, но се плашеше да не згреши, зашто до утре можеби ќе навее голем снег, па неговото враќање во колибата во Гогов Валог би било уште потешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нашето враќање во кутијата на денот Е враќање на гасеницата на зелениот лист.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помислив дека започнува да се одвива варијантата на негативното сценарио на моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од премолците и ретките исповеди, можеше да се насетат делови од историјата на трагизмот на нашето невозможно враќање во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А еве и јас по триесет години откако Тито раскина со Сталин, го откривам воскреснат неговиот култ при моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Поговор На враќање во Македонија неодминливо патот не води низ Перењас и во бележникот бележиме дека Прењес сега не е тој Прењес што беше пред шеесет години – место на болка и плач, место на секојдневно битисување, на исчекување и безнадеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, диференцијацијата што се забележувала меѓу членовите во Женева дошла до полн израз по нивното враќање во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уметноста што е навредувачка, конфронтирачка и брутална, се појави во ерата на бунтот против студенилото на формалистите, и во таквата атмосфера Риверс се вклопува совршено, ако не и пророчки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да добиеме целосна слика за тоа како Риверс се вклопува во развојот на современата уметност, неопходно е да го истражиме не само неговиот живот туку и мислењата формирани и објавувани од коментаторите и анализаторите - и тоа како оние што го поддржуваат, така и оние што го омаловажуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во светлина на обновената уметничка фигурација, се чини дека тој, како добар домаќин на своите современици, го подготви патот за враќање во живот на обидите за синтетизирање и помирување на фигуративната ликовност и експресивната употреба на медиумот - навистина, голем број од Риверсовите платна од 1950-тите и 1960-тите, во контекст на современите слики делуваат фантастично свежо и витално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите експериментални техники и присвојувањето на ортодоксните медии сега се општи места, и никој не се буни премногу ако уметничкото дело е сирово или измешано, сѐ додека уметнковата мотивација е силна и неговата сериозност не се доведува во прашање. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 234
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпоставувам, пишувал: „Отсекогаш сум бил свесен за илузорноста на обидот за враќање во состојбата на благороден дивјак.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И како да бев поштеден да го одболувам нејзиното враќање во илузијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Секое добро на крајот се наградува, секое зло се казнува; ако не уште во овој живот, тогаш во животот кој почнува по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Над секој од нас бдее добронамерната, само наизглед строга Промисла, која не допушта да станеме играчка на пресилните и немилосрдни природни сили; ни самата смрт не е уништување, не е враќање во неорганска безживотност, туку почеток на нов живот кој е на патот на развојот кон нешто повисоко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До моето враќање во колеџот академските луѓе веќе беа длабоко вознемирени од насловната страна на тогашниот Evergreen Review, а да не ја спомнуваме неговата содржина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не е значи случајно тоа дека речиси во сите пост-комунистички земји постои тенденција за отстранување на жените од работното место и повторно враќање во семејството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Почитателите на поповото враќање во минатото се сомневале дека така едноставно се умира без куршум и без тресок на железна круша со мал вулкан во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бладањето и згрутчувањето на крвта во ноздрите на тројцата чумосани, потоа скоро бесвесното умирање и видливото загнездување на смртта во зјапнатите челусти - ги прогонеле од миг до миг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За првпат успеа да го интернационализира палестинското прашање, да придобие и голем дел од американската јавност, која дотогаш ова прашање го сметаше за маргинална бегалска историја, како многу други во Америка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие услови се одвиваше и моето враќање во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идеалот на обата големи лидера на арапскиот свет Бургиба и Арафат беше да дојаваат на бел коњ во ослободената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Хабиб Бургиба, додека беше во Париз, по остварената независност во преговорите со Франција и тогашниот премиер Мандес Франс, вежбал јавање на бел коњ за своето триумфално враќање во Тунис, додека Јасер Арафат ова нема да го доживее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со солзи на очите им раскажуваше за отсутните Татко, Мајка, браќата..., на присутните кои го славеа неговото враќање во родниот град.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постоеше можеби основна противречност: тивкото и тажно пеење на Дарвиш не се совпаѓаше со гласното и оптимистичко верување на Арафат во враќањето и најдените зборови на слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзе најмачно беше што повеќе не ќе може да ме штити, а мене најмачно ми беше нејзиното враќање во осамата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека е можен мирот со чесните што ќе му овозможеше враќање во родната земја со Палестинците во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидуваше како моќен и мудар арапски раскажувач да ја долови суштината на палестинската драма, со сета своја афективна моќ да фасцинира и придобие што повеќе приврзеници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш со тивките пораки, со длабоките метафизички засеци во душата на страдањето на палестинскиот човек сметаше дека не беше дојдено времето, вистинското време за враќање во Палестина според диктатотна договорите од Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дипломатијата добиваше нови репери од националистичките агенси. Тоа се насетуваше на сите страни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат беше свесен дека на југословенската федерација беа броени деновите, но тој на тоа воопшто не помислуваше, ниту сакаше да верува, како што не можеше да не верува на своето враќање во Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако седна очекуваниот гостин, Татко наздрави за среќното враќање во земјата, ја испија жолтата ракија на искап, а не помина многу време пред да се отвори митското, речиси волшебно куферче.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Климент Камилски беше почестен со свежо отворено шише шампањско, со успешен пукот, но во чест на неговото враќање во Источната книжарница во Париз, со одбрани зборови му наздрави Арман Самуелиан: Никој не утврдил дали Дон Кихот бил среќен или несреќен со своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Процесот во откривањето на криминалот со луѓе и прифаќањето на странците, како и нивната ресоцијализација и враќање во матичните земји, што се одвиваше според утврдени стандарди, го водеше Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Останатите шест девојки користеа пиш-пауза во густежот високи треви крај мотелот, се довикуваа и се смееја со гласови кои се мешаа со крекањето на жабите од блиската бара, чекајќи го знакот на Авни за враќање во комбето, додека тој, потпрен на задното седиште, со широко раширени раце и нозе, опуштен во рамениците и лицето, со сласт што му кружеше на површината од стомакот како облак пеперуги, ја полнеше устата на Дора, која малку потоа му се заблагодари со развлечено Мерси, забришувајќи си ја муцката со ракавот на вентијагата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја бараме уметноста на погрешни места. ñДа речеме дека ти давам карта за враќање во минатото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од декември 2008 година, пак, беше укината одредбата според која, во случај на невработеност, можат да бидат осигурени и државјаните на Република Македонија на работа во друга држава, кои по своето враќање во нашата земја не можат да ги остварат правата во случај на невработеност по друга основа (чл. 3, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, тоа седење во прашливата барака, особено моето раноутринско или ноќно враќање во предградието, ми го откриваше градот во една поинаква слика од онаа што ни се нудеше преку ден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа, наспроти Татко, беше за останување, со надеж за полесно враќање во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка сè уште не си ги беше исцелила раните во душата по нејзиното трауматично враќање во земјата на корените.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторно бев и кај Мајкиното прво враќање во родната земја, кога и таа беше скршена длабоко во душата, од нешто за коешто не сакаше да ни зборува до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се ослободував од трауматич­но­­то враќање, во некое ново, реално враќање во самиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случи неочекуван пресврт: се случи неговото враќање во Скопје да биде одложено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така, Татко остана долго време приклештен помеѓу потрагата на патот на јагулите, таа среќна и симфонична планетарна фуга на вечното и среќно поврзување на Балканот со светот и потрагата по старите отомански кадиски записи, познати како сиџили, документи на Балканот кои ја криеја загатката на идентитетот на семејството, смислата на останувањето со надежта за брзото враќање во родната земја, крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ни вети дека ќе ни зборува за семејниот чун, за неговото враќање во земјата, откако нè остави на другиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сеуште крвавиот мускул одвреме навреме прави обиди да и се измушне од раката; јазикот изгледа не знае дека е дупнат на врвот и дека во цепнатинката е пикнат показалецот на жената.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На враќање во десната рака носи штотуку исечен јазик на некое говедо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Серенадата под чардакот на Рајна Коцева, како и другите две-три серенади што ги приреди Голем Тодор, и тоа во различни делови на градот, само требаше да го најават неговото пристигање помеѓу нас; неговото враќање во родното место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но другата промена, враќање во сериозната, трезна свест беше вистински поразителна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И најпосле дојде денот на задоцнетото татково враќање во Цариград.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав чувство дека сум открил некакво ново значење, ново време на татковото низ моето враќање во Цариград и сум ја предал неговата порака на други автори слични по судбина и ориентација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговото враќање во родната земја крај Езерото, беше и враќање кон татковината на мајчиниот јазик, макар што соништата на неговата мајка завршуваа во Цариград.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чувствував, во тој миg, дека ќе имам шанса за ново, среќно враќање во родната земја...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татковото враќање во Цариград беше не само негова, туку прерасна и во семејна опсесија, дежурна дестинација на нашите илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И на крајот следуваше ноќта на вистинското татково присуство, на неговото задоцнето враќање во Цариград.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми преостануваше мене да му го приредам на татко ми, како реванш на судбината, неговото задоцнето враќање во Цариград.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трагичната, фантазмагорична сказна од моето враќање во Албанија со години ја потиснував во себе, сметајќи ја повторно со некаков наивен круг на илузии дека цената на мојата жртва е премала пред непогрешливоста на татковината!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој ги беше прочитал на француски јазик Татковите книги и Времето на козите и се радуваше на нивното објавување во Турција што јас го сметав како своевидно татково враќање во Истанбул, но болеста го спречи да ја доживее нивната промоција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се вратив со последните сили од трагичното враќање во родната земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па на враќање в село, одев и само на изгубеното лепче си мислев.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нашето враќање во Југославија ќе биде триумфално.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)