време (имн.) - врви (гл.)

Туку, ајде обувајте се да тргаме, оти и времето врви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле се слушна неговиот глас: — Е, другари, времето врви и, ете, зимата уште два три месеци ќе помине.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ти, Андоне, — му се обрна на Андона, земи го детето со тебе и скоривајте и бравите. Ајде, времето врви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Времето врвеше премногу бргу. Турците поретко го посетуваа селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Времето врви брзо по друмот на селото Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Времето врвеше. Желбата за дете сѐ повеќе растеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Жешките летни денови минаа. Времето врвеше...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Времето врвело... Куќите една по друга се множеле, множеле и селцето од година во година и се ширело и растело...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Иако времето врви, само тоа останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Времето врви, а раната никако да заздрави. Ми се нафрлија некои зрнца, некои меури. Почна и гној да збира, да скапува месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)