време (имн.) - мисли (гл.)

А ние сето 152 Margina #11-12 [1994] | okno.mk време мислевме дека Енди нема да може да ја одржи сликата што ја имавме за него ниту да го исполни она што Фектори го ветуваше, но тој ни покажа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ние сите се изменивме откако го видовме тоа. (...)Идејата за музеј на Енди Ворхол, претпоставувам, е добра, иако не може да го компензира она што го загубивме поради невниманието на некоја медицинска сестра, ниту да ја евоцира неговата најголема креација - Фектори, корпорација - уметничко дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше тоа само момент, се раз­бира, но беше прекрасно да се знае дека еден хомосексуалец со работничко по­текло од Питсбург може да го измени светот според неговата визија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму така, барем во тоа време мислев така, а така мислам и сега.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во прво време мислев, „Добро ова е само фаза низ која минуваат и, но добро ако ова сега го работат, што ќе работат за неколку години?” - не сфаќајќи дека тие беа во своите најдобри години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некое време мислев дека моите дела извираат од „трансреализмот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Патот од Сиетл до Скопје со менување на авиони траеше повеќе од 20 часа, цело време мислел, мислел и се грижел.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од друга страна, тие се плашеле дека нивната акција ќе биде наполно успешна ако извршителите во исто време мислат како да го спасуваат својот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се сети -дали се сети или сето време мислеше на тоа - не знаеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој пак, кога нѐ видел фатени за рака, долго време мислел дали да нѐ казни или да ни згази на рацете, на прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замина понатаму, по дирата, што беше сѐ уште испомолзена со оредчените капки крв, а за сето време мислеше уште на неколкуте легала, што ги знаеше од оваа страна на сртот, кон кои сега го водеше онај негов самјак напред, и реши дека ќе може да се врати дури откако ќе ги помине нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И секоја геј-генерација или полугенерација по нашата го правела токму истото, цело време мислејќи дека е првата генерација што направила така, првата геј-генерација во историјата што не гледа ништо интересно и вредно во наследената, традиционална геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од време на време мислам дека е така, но чувствувам како да ми бил доверен некаков тип на источњачка мистерија, светиња на некој страшен бог, па ме обзема чувство на лична недостојност за она што е моја суштина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„А јас сето време мислам дека си овде. Зборувам... Зборувам...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не го чувствувам продувот. Каде беше?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)