време (имн.) - поарчи (гл.)

А низ мислите ми прелета оној нерасветлен случај од Моенци што мајка ми еднаш повеќе во лутина некако мигум го спомна а потоа повеќе време поарчи за да го забошоти она што го рекла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)