време (имн.) - јас (зам.)

Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кристални чаши. Од приборот што на времето јас го имав купено од Карлови Вари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми ја држи својата топла дланка на ногата над коленото, на голо, и не брза за да ми даде време јас да ѝ ја повлечам кон моите гениталии, но за да го сторам тоа, треба прво да ми стане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тоа време јас одев - идев од Цариград, но останав кастилје кога дојдоа зографите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
КАТА: Ами утре, мори, ќе одиме; да е за повеќе време јас би те пуштила. Оди сега! (Ана излегува плачејќи).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Случајот сакаше во тоа време јас да поминам и да те дочекам на раце за да те спасам“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да живеев во негово време јас ќе бев неговата Џинџер Роџерс, ќе бевме најдобриот танц пар на светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: За тоа можат да се напишат неколку дебели томови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
РАБОТА ЗА ДВИЖЕЊЕТО Така по долго време јас си отидов дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)