време (имн.) - разговор (имн.)

За време разговорот со писателите, еден од нив проба изгубеното срце да го замени со туѓо, партиски производ, но бргу ја заглушивме таквата песна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ме засмејуваше секој вид хумор поврзан со марихуаната, иако во тоа време разговорите за таа корисна супстанција беа во обратна пропорција со можноста истата да се набави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- А ти, економист, а? - по некое време разговорот се пренасочи на мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И двајцата гледавме како старата вода воопшто не ја потиснува новата, како падобранот на дното од шолјата воопшто не се ни помрднува и како нивото на водата постојано расте и расте и расте, сѐ дури во еден миг не се прелеа право врз белиот, мек, беспрекорно чист теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)