време (имн.) - изгубен (прид.)

Па таа и во гробот ќе ти тежи, му велат, зашто не остави потомство да ја продолжи лозата; те мачи тоа, велиш, и постојано мислиш на нас: ги вртиш сликите, се потсетуваш и живееш со нас, со спомените, со минатото; го враќаш и оживуваш времето изгубено; тоа ти ја храни душата, велиш; ти ја исполнува празнината и те брани од самотијата; се чувствуваш како спасен давеник на самотен остров обграден само со минато; се храниш со него, зашто друго и немаш; го виде светот, виде и жени, зашто овде немаше можност: се жени мошне млад пред да знаеш што е жена...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со сонот го премостува времето изгубено меѓу два перона.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)