време (имн.) - прв (прид.)

За тоа време првиот дојде на три четири чекори до стената и за негова среќа се заврте да ги повика другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време првата љубов на Ивана голташе плачни лаги на хармоника а тој молчеше и ги слушаше студентите: ако е професорот женскар и садист зошто таа не го остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без вас, ценети сопруги, тешко ќе си ја постигневме замислената цел...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)