време (имн.) - многу (прил.)

Брегот на Бретања, старите замоци, најубавите специјализирани ресторани за палачинки, сонцето на Бретања, небото, звездите, прекрасната вила, моето второ семејство... Времето многу брзо помина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас во тоа време многу ја мразев баба ми и сите други зашто не сакаа да ми помогнат да ја откопаме мајка ми. Чувствував така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За сето ова време многу сонуваше и тоа беа секогаш среќни соништа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додуша подвојувањето не било само верско. На Закинтос од венецијански времиња многу повидна била поделбата помеѓу аристократијата и „пополарите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тоа време многу се пишувало и зборувало за Боксерското востание во Кина: за грабежите и експлоатацијата на кои било изложено кинеското население, за неговиот отпор против европските држави што го угнетувале кинескиот народ и за жестокостите што тие ги вршеле при задушувањето на востанието. 20
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа време многу нѐ мачеа, но имавме малку поголеми права од мажите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
___ * Се чини дека од името на градот Мохенџо Даро, произлегува и името на нашиот другар Моне Хенџов-Даров, за кој во дамни времиња многу место на селаните од Овчеполието им говорел махараџата Раџнапур.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)