време (имн.) - пак (прил.)

Времето пак тргна. Просторот почна да се отвара и да постои како кога во пролет се отвара цвет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Времето пак се вознемири. Се вестеше бура.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Којзнае по колку време пак им се врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некое време пак ќе се поврати. И ќе се превиткува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И по извесно време пак му се стиша дишењето. Заспа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)