време (имн.) - потоа (прил.)

Филип, него не го видов долго време потоа и немав ништо слушнато за него.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Долго време потоа шепотевме под ложник.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа долго време потоа стоела крај прозорецот, штутела, но освен гракчење на гавран, ништо друго не чула.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Глигор многу уште раскажуваше за своето скитање со Едип по морето и долго време потоа, китејќи го јазикот со умилни зборови ја опишуваше убавината на Смарагда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долго време потоа денот беше одвоен од ноќта само со малиот нож на светлината, кој откако ќе се пробиеше низ тешката завеса на прозорецот, во неколку наврати ќе замавнеше низ густината на мракот, ќе направеше неколку колажи на ѕидот врз кои таа редовно ги додаваше своите воздишки, и тивко ќе се изгасеше, повлекувајќи се во денот од другата сграна, за да знаеме дека е ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тито, долго време потоа, овде изгради резиденција за да медитира пред водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Навистина, откако се зедовме со дедо ти, всушност многу време потоа, никаде не го пуштав сам да оди, а и за тоа ќе ви раскажам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тасе од малку се пијанел, го фаќала ракијата, ако пак заминел некаде на гости, кусо време потоа ќе дошле да ѝ кажат – Ристено, Тасе се испијани и лежи таму и таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас го крепев Мане, со мене тој направи кариера, стана човек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)