вреќа (имн.) - брашно (имн.)

Амди Бајрам со вреќа брашно поткупуе 50 000 гласачи и праи резултатски пресврт на избори, а неговиот син Елвис Бајрам со завршено четврто одделение стануе градоначалник на Шутка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Страв ми е за него... Дома да стигнам... Очите да му ги отворам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зафире! Ти си појак, ела да дигнеш две-три вреќи брашно.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Крај белите пени на чарковите тромаво лазат полни вреќи брашно, и не се тоа, старци се, воденичари, пијани од шум и од ракија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пиштењето на несреќникот мина во бескрајно офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко не успеваше да донесе ниту пара повеќе од постојано истата плата, а повеќе ја немаше ниту вреќата брашно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Успеваше, од истото тесто, од вреќата брашно, да ни готви постојано поинакви јуфки, макарони, пити.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Мајка веднаш му ја расчисти дилемата: – Решив да ја продадам, дури и за вреќа брашно!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја негував! – И сега си решила да ја продадеш? – Дури и за вреќа брашно! Децата легнуваат гладни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)