вреќа (имн.) - коска (имн.)

Бидејќи речиси и не ме погледнуваше, воопшто не ни забележа како од нејадење и неспиење за една недела се претворив во бледа вреќа коски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Ами како, Јован Паленѕов су јас, од П'чишча, — одговори дедот Јован и сакаше да седне на тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, какви арамии, Трајко, — јас ли на старост ќе и бркам тиа работи! Не ме гледате една вреќа коски су се сторил и ошче се плашите од мене, баму бељата — и се насмеа под мустаќ да не се забележи тревогата во него од вистината што ја погоди овој негов продаден комшија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)