врсник (имн.) - со (предл.)

Уште тогаш беше со бели коси и врсник со татко ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога се враќавме испотени и истоштени, пред портите од бодликава жица нѐ пречекуваа наши врсници со нарамени пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мене просто ми се слоши една година, поточно една есен, кога на Водно видов еден ваш врсник со воздушна пушка и со десетина отепани птици.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)