геј-култура (имн.) - речиси (прил.)

Како се пренесува и како се стекнува геј-културата, не само во возрасната доба, туку и во детството?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ќе објасни како протогеј-субјектите се здобиваат со геј-култура речиси како да им е мајчин јазик, како да им е навистина домородна култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како е возможно процесот на социјализација во културната практика на хомосексуалноста да започне долго пред да созреат субјектите на акултурацијата доволно за да стапат во машките геј-заедници и да учествуваат во општествените размени на машкиот геј-живот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)