глава (имн.) - сто (бр.)

Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)