глава (имн.) - ме (зам.)

Те нарекував со најмилни имиња кога ќе ти беше мака, злато, срце, душо…, а сѐ потешко и потешко ти беше, цели ноќи не спиеше и јас не можев да спијам од тебе…, мислам дека главата ме печеше од умор и од неспиење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Робот! Пластика или гума во облик на големоглаво чудовиште?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гласот на развигорот се уште над мене одѕвонува...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Синиот пајак со златна глава ме посоветува немо што да одговорам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Синиот пајак со златна глава ме посоветува од моите пазуви: Замолчи Пупи Паф, не преизвикувај ги, Своите сили за друго чувај ги.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мислам дека и над главата ме боли, и под стапалата ме боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од врв глава ме гледа и липа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Го потпре столот на белиот ѕид и зафрлувајќи ја малата глава ме изгледа како првпат да ме сретнал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се разболев со голема температура и ништо не јадев, само вода пиев, главата ме стегаше, мислев ќе умрам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со мене нешто чудно се случува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И карактерот се менува и главата ме боли.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)