глава (имн.) - ја (зам.)

Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се радува срце на пролетна песна, ја отфрла гордоста своја, покорно главата ја сведнува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Во главата ја имаше научено релацијата напамет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој погледнува кон отворот на подот. Главата ја нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сртови стрмни Кај и да погледнам Друмови црни Главата ја веднам Шуми непроодни Се плашам да мислам Ширини сводни Дозволете со мудроста – Да блиснам! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Иако шепотеше, шепотот го уловија ушите на Чана и таа мислата од својата глава ја претвори во зборови Мило ми е што си нашол стреа само за себе!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И таа му го повторуваше Анѓиниот одговор: Каурка сум се родила – каурка ќе умрам. Главата ја давам – верата не си ја менувам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го слушнаа и Анѓиниот одговор: Главата ја давам клето Турче – вера не менувам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Главата ја држеше сведната и скаменета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со скутините и со шамијата од глава ја повивме. На две - на три.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)