глава (имн.) - кој (имн.)

Не, проблемот не е во вербата во некого или нешто, проблемот е во мојата заебана молскавична глава која никако да се прилагоди, никако да го прими блаженството што ѓ припаѓа според сите закони на природата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Виновна е онаа глупачка твојата глава која и покрај сите предупредувања не сфати дека треба да си ја затне муцката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ја зема чашката, си ја става на главата која бавно ја свртува на страна. Burroughs го зема својот star-automatic, нанишанува, повлекува и ја погодува младата жена точно во слепоочницата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислиш цела крв ти надошла во главата која ти натежнала како да ќе екплодита, но издржуваш колку што можеш повеќе и го слушаш броењето на некое од децата - еден, два, три, четри, пет... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)