глава (имн.) - прашање (имн.)

Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И во тие кратки мигови на размислување пред заспивање, неодложно ми се врти в глава прашањето: сонцето, светлината, каменот, времето и човекот - што се?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мојата глава прашања, молби, желби да биде сѐ во ред…, стиснатата тупаница за среќа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)