глава (имн.) - низ (предл.)

Кога 1962. бев во Јапонија, јошиаки Тоно ме замоли да напишам текст за часописот Мизуе, месечник за убава уметност (септември, 1963), кој требаше да го содржи вториот дел од уводот во методите на Марсел Дишан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истриј го платното со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Костурска глава низ платно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Ја, ја, не бу ѓурултија?“ се исчуди кадијата и подаде глава низ дуќанот на мајстор Јосиф. „Бин јаша муслиманд'р!“ викаа некои однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ти, Мали, знаеш уста да затвориш? – конечно се разбуди Јане и ја подаде главата низ врата. – Што има за јадење? – беше неговото второ прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа што ќе купиш – рече Лета и продолжи да зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Станав и ја подавам главата низ прозорецот: гледам во врвулицата што се источкува покрај возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја следеше, но ништо не можеше да открие; и сè така до еден дождлив ден: тој ден тураше дожд како потоп да се приготвуваше; гледаше Цанул низ прозорецот во дождот и не се осмелуваше да излезе надвор да ја побара Цанулица: пушташе глава низ вратата и пак ја тргаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа веќе слезе на перонот, кога тој ја запраша, подавајќи ја главата низ прозорецот: - Извинете, продавницата...далеку ли е оттука? – Не е.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Не сакаш да ја венчаш мојата сосетка Фиданка зашто и ти значи си ја спровирал ноќе главата низ нејзиниот прозорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добро, рекла една од жените и ја затворила вратата на плевната.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но токму ја подаде главата низ портата, се стаписа назад како чукнат со чекан по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Инаку зошто толку ведро би трчал кон Зоки кога овој секое утро ќе ја подаде главата низ таванската врата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја подадов главата низ вратата од „мојата“ соба и видов како низ отворената врата од тоалетот излегува светлина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Првпат слушам за ваков натпревар, па уште и организиран на такво високо ниво што дури има и сопствена комисија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Коле полека и напрстечки се довлечка до него и ја протна главата низ цепот од оградата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Калчо ќе се тргнеше некаде во ќошот од дворот, ќе поседеше тука счучурен и по некое време пак ќе ја провереше главата низ оградата: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бошко тропна уште еднаш, но дури на третиот пат некој ја подаде главата низ вратничето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жените ги подаваа главите низ прозорци, излегуваа на чардаците и преплашено прашуваа што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја протегнав главата низ прозорецот и ги протрив очите. – Да, – рече тој на ерменски. – Ова е коњ. Не сонуваш. Побрзај, ако сакаш да јаваш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Второ, бевме сиромашни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)