глава (имн.) - наш (прид.)

А тоа што им мислиме ние — на главите наши нека излезе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Баш за тиа деца требе нешчо да направиме, та макар и главите наши да и оставиме по ридишчата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку што рече „Лошото на главиве наши нека биде“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)