глава (имн.) - нејзин (прид.)

Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми ја запозна Марта Бернајс токму на својот дваесет и шести роденден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А оној ден во паркот, таа со едната рака го прифати глуварчето, а другата ја пружи за да го погали детето, но пред да ја допре неговата глава нејзиното тело се затетерави, и таа одново се фати за оградата. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Слушај сега, му вели на Соколета, - „И застанав на песокот морски и видов ѕверка кај излегува од морето, која имаше седум глави, и рогови десет, и на роговите нејзини десет круни, а на главите нејзини имиња хулни...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)