глава (имн.) - или (сврз.)

Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вториот е да ги прифати последиците, колку и да се погубни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Гоце многупати од таа игра се враќаше дома бос, со скршена глава или крвав нос...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во мојата глава или надвор од неа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чекорот што нѐ води од семантичката идентификација на „глава/сад“ до алхемиската равенка „глава/ алхемичарски сад“ (alambik, vas hermeticum) мошне е кус, и повторно Јунг ни помага да го совладаме, укажувајќи дека „главата или черепот (testa capitis) во сабејската традиција служела како сад во кој се извршува трансформацијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да останевте и вие овде или друго ќе имавте во главата или ќе ви ја немаше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ноќе, при јасно небо, седнува на чардакот или во дворот и, ставајќи ги рацете под главата или потпирајќи се на коњско седло, гледа во ѕвездите проучувајќи ги и проширувајќи го знаењето што му останало од татко му.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нанчо беше магир, готвач, во кујната, а попладне и во слободното време им ја стрижеше косата од главите или им ја стругаше брадата на Егејците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали со главата или со задникот напред?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од другите соби до нас допираа врисоци, ревења, плачења и смеа, ѕвечења, чкрипења и удари.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повремено удираа со главите или со тупаниците во ѕидот. Тапи удари како заборавена болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш се собираат 200 луѓе, сите длабоко “потресени”. (Уметноста е еден начин за исфрлање на идеите - оние кои ги собравме од својата глава или надвор од неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Правниот систем во оваа земја нѐ третира како стока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако нишаниш во главата или срцето и убиеш некого, неговото семејство може да те тужи дури и ако тој ти провалил во станот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е правниот систем во нашава земја, вели брат ми, и во право е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве. Совршен Џеб. Овој ќе го сочувам. Значи имам еден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)