глава (имн.) - ќе (чест.)

Потоа, ќе ја спуштеше раката, па со климаво движење на главата ќе ѝ покажеше дека е време да си одиме.  Со тек на време, Рашела почна и да спие кај нас, но секој ден ќе грабнеше малку време да оди до дома, кај своите, да ги види и да им однесе по нешто.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден од вас утре ако изусти пред мудурот, моата глава ќе висе на колот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти дома ќе полежат два три месеца, тоа го знаеја сите, но барем главите ќе ги однесат здрави, та иако останат без една нога, една рака, ќе питаат после по селата и ќе се хранат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ти ќе бидеш, ти Гуле. Ние тебе те знајме за утач на селото и кај ќе рипаш ти, ќе рипа и целото село — пак поп Тодор предлага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од мал имаше навик и мерак да спие на мев, а пак татко му сето време го учеше на плеќи, Ване, пак, се одвикна од првородениот, но не се навикна ни на приучениот начин, па заспиваше само легнат настрана и така му беше најубаво зашто не се будеше кога ги менуваше страните, па дури и кога главата ќе си ја најдеше кај нозете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако главите ќе се исечат и исушат, формираат тврди, кафеави дискови или „копчиња“ кои се џвакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Леле, си реков, овој главата ќе ми ја дупне и се разбудив целиот потресен и препотен...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А ти немој да си писнал за ова, главата ќе ти ја исечам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога главата ќе ми се наполни со ракија, како улав сум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Инаку, еднаш и главата ќе ти пукне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Главата ќе му ја симнам од раменици на тој кој ќе помисли такво нешто!“ рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ако се бие шега во ваков час со мене, главата ќе му летне“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Засекогаш ќе остане празнината во твоето срце за мене а во твојата глава ќе виси ликот мој како фотографија на бел ѕид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
УМНОТО ДЕТЕ - ЦАР Во една царшчина умрел царот и остајл по себе дете на пет-шес години.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Што ме праша за двете, али скраја сум, али близу, тој ме праша за очите, али ми гледаат скраја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушајте вамо вие, старци - им рекол - ако не ми 'и докажите тие зборои што 'и зборуавме со старио што ораше, главите ќе ви 'и сечам и друго ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Навистина главата ќе му пукне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му беше неподносливо тешко - главата ќе му прсне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што сака нека ми направи, ќе одам на меана. Сигурно пак таму клинчи, се кости, да се раскости. Ракијата главата ќе му ја земе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислел дека ќе го разбере ако веќе не може да го чуе и дека макар со нишнување на главата ќе му одговори. - По него ли дојде?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој покажал со рака кон најмладиот дочекувајќи миг кога таа го погледнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што му го имав ставено ножот под грло, за едеп секунд главата ќе му ја пресечев и ќе му ја однесев на татка ми на гроб.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одвреме-навреме ќе му пламнеа очите, во главата ќе му проблеснеа најдрски и најхрабри мисли: а да си стави, навистина, и куничка на јаката?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вчас беше нарушен сиот домски ред, туку гледате од сите страни како трчаат љубопитни, глупави, глава ќе си искршат, секој сака да ја види неговата смрт.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во месечното списание Современост во ноемврискиот број на 1957 година Климент Камилски ја објави студијата Ромен Ролан за Октомвриската револуција, во која ги распосла своите слободарски и мирољубиви идеи, кои некогаш за малку глава ќе го чинеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во осаменоста им се предаде на овдешните слатки ликери од кои наутро се верува дека главата ќе се распрсне на парчиња, потоа врз мантијата на очајникот ќе легне прав, невисокото чело и брадата, дури и големите пребели заби, ќе се заборават - новата власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ќе седнеше на столицата во кујната, главата ќе ти виснеше тажно надолу, не можеше да ставиш ни неколку залаци и пак истата "операција", истиот тој пат го поминувавме, неколку метри со ситни чекорчиња како да се неколку километри.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
— Да не ѝ кажиш на мајка, оти казан на главите ќе ви стое на обете! — и си отиде пак низ малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барем така им велеше на тие што даваа пари, а посестримите ги газеше на секој чекор да не се даваат на Турците, оти главите ќе им ги скинел како на врапци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата така им нареди – да им даваат патем трипати на ден по малку леб и вода за да можат да ги одведат до Истанбул. – Ако некој се заинаети и нејќи да оди, ќе му го тргате јатаганот и главата ќе му ја однесете на падишахот – им рече на сејмените во дворот на затворот, пред осудените гласно, така што тие добро го слушнаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А, колку за потурчување, кажи му на твојот добар кадија дека робинката Анѓа главата ќе ја даде, ама верата не си ја менува; што сака нека прави. – Што вели, Ајшо? – тоа беше секојдневното прашање што и го поставуваше кадијата на Ајша уште од прагот на вратата кога си идеше од работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да не си чепнал ништо, главата ќе ти ја расцепам! надгласува Дине, твојот оган спотнувај си го со што сакаш, од тука ти не ќе земеш ни деланка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Глава ќе падне на друг не те давам! (Пука. Зафир и другарите дотрчуваат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ти ја мислиш натаму, таа е наваму.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Од стомна да се напијам! Од главата ќе ѝ ја скршам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Обично бабите од населба си пиеја кафе една кај друга, но бабите на Дора и Ане само љубезно си велеа „добар ден“ или „добро утро“ кога врвот од главите ќе им се ѕирнеше од зад живата ограда што ги делеше нивните дворови додека ги простираа чергите или ги полеваа цвеќињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе се разбудиш и главата ќе си ја најдеш во некое вирче вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само ќе подзине и главата ќе му падне меѓу нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се ли арно разбере, фактите утре сурови по глава ќе не зачукат.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)