главатар (имн.) - со (предл.)

- Од каде знаеш? - Знам, - реков. - Таа топка е направена од чизмата што ја загуби в река.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Главатарот престана да скока, ги откачи клучовите од уши и отиде ко својата колиба. Се врати со молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дури и дебелиот главатар со цилиндер на глава заигра.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Добар си, како што се добри седумте црнчиња со бели заби и кадрави коси, како што се добри Карамба-Барамба и неговиот главатар со клучови на ушите, како што сум добар можеби и јас.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)