главица (имн.) - кромид (имн.)

Се качив на едно триножно столче за да скинам една главица кромид, а жената со сета сила ме турна и ако не ме задржеа борците јас ќе паднев на глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Видов во огништето дека има жар, па реков, морам да испечам кромид за да му ја врзам ногата на човекот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)