глас (имн.) - мој (прид.)

„Браво капетане, капетане алал, секоја чест кормило мајсторе!“ – се раздрав со гласот мој цел, и ми дојде некако убаво, лесно на душата, и продолжив да навивам, да го бодрам...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Што сакаш да направам, велам, и тоа малку ќе се успокои, ќе се уталожи од гласот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа што вие го слушате како шумол од костенливо листе или како гргор од дулците на чешмите, тоа е мојата молитва, Гласот мој. А мене не ме гледате.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
НАСМЕВКА Eчи гласот мој во височини до тебе да допре, со надеж дека молитвата болката ќе ја сопре.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)