глас (имн.) - поважен (прид.)

Филозофот вчера рече дека гласовите поважни се од зборот, и дека Господ од гласови, а не од зборови цели ги сотворил небото, земјата, светилата небесни, луѓето, билките и животните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ако е така, ако гласовите поважни од зборот се, зошто ти ми го одзеде името, а не само некој глас од името мое, пречесен господару?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Дека хула бесчесна врз зборовите си фрлал и дека за тебе гласовите поважни од зборот се?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Па ако гласовите поважни се од зборовите, а ако Господ, создавајќи го светот од зборови, всушност го создал светот од помалку важни нешта, зарем тој не согрешил уште на почетокот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)