глас (имн.) - повторно (прил.)

Трагајќи по непознатиот глас повторно влегуваш во дворот на детството пречекан од ѕвонливи одамна слушнати зборови што сега блескаат со нов неделен сјај
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Полјакот овие гласови повторно го возбудија, го потпалија и го натераа да излета од радост и нетрпение.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во овој судбоносен час, татковиот глас повторно ми дошепнува спас: „Од телото не брани се, туку напојувај го.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Смирени од зборовите на шефот, сега вториот член на комисијата со својот строг глас повторно нè враќаше во стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)