глетка (имн.) - кој (зам.)

Ниедна зграда на овој плоштад , иако изградени во различни стилови, не се одделува од општата глетка која претставува едно единство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Искачи се на врв- себе и повлечи се во подножјето има плодни почви јаболка кои мирисаат на магдонос и нане поради долгиот престој во ист сад зборови кои се припикнуваат во пазувите -мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни- глетки кои трчаат по тебе како верни загари времиња кои те опоменуваат обѕрни се, објави се но не застанувај што погоре, толку подоле она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од тука окото се полни со волшебно живописна и раскошна глетка која пленува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Глетката која дотераните ја видоа на сретсело не беше подобра од онаа во црквата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)