глетка (имн.) - во (предл.)

За миг сите се здрвија со влегувањето во одајата, гледајќи ја глетката во неа со врзаната Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А глетката во далечината е величествена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да ја земеме, на пример, од „Една Сванова љубов” глетката во која Одета, која сака да оди на пријателска вечер е надвладеана од Swann, кој се обидува со низа лажни причини да ја одврати од таа накана; оваа глетка сама по себе е мини-suspense.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)