глушец (имн.) - во (предл.)

Токо ме фати умот: дај да а собера ваа в'ничката, да не се пилат глувци во неа и да ми се смеат витолшките како на Пилови снаи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ќе испукаме како глувци во запалена племја, како стока накрмена со сол и трици, додаваа други.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мачорот замина без да забележи таа и сега се врати со глушец во устата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Следниот миг мачорот го тресеше глушецот во воздух, како гумена топка, и скокаше и правеше салта по него, со победоносен восхит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите глувци в дупки стојат и мачорокот го гледаат како се свеќаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи еден мачор бил многу ловџиа, беше 'и сотрил сите глувци во таја околија, кај што живееја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ене, во дворот отспротива има одвратна кочина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Никој досега не рекол дека се одвратни глувците во куќата до нас кои со години се хранат со букви.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)