гнев (имн.) - или (сврз.)

Тогаш над изморените гласови, над писокот на гајдата што се спуштил и се склопил тука, меѓу нив, се разнела смеа, тешка, морничава, неовоземна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повремено ја погледнував – на лицето ѝ трепереше онаа насмевка што некои од слепите луѓе ја имаат постојано, дури и кога чувствуваат страв, гнев или ужас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И седењето во застаклен сад веројатно претставува некоја работа".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно ја доживува таа своја работа како најголем пораз, после она наше заедничко пораженије во Русија“, му го истураше некому својот горчлив гнев или очај татко ти, а јас се обидував да го смирам: „Добро, Семјон, секој е должен да заработи за леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно спарно утро на почетокот на јуни Паулина, Марие, Роза и јас отидовме на железничката станица, за да ги испратиме брат ми, Марта и Ана, последните од списокот на Зигмунд кои требаше да заминат од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не верувале дека таа грлена споулавеност е на избеганиот Онисифор Мечкојад, негде скаменет од гнев или со свои нокти распарчен и расфрлен со свои раце по таинственоста на ноќната земја. ... зошто си се отворила ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)