говор (имн.) - станува (гл.)

Краста (Од џебот вади шишенце): Како што гледам ни со срцето не си баш нај­ добра. (Од масата до креветот ја зема чашата со вода и течноста од шишенцето ја истура во неа) Не сакам кога стари луѓе се мачат. (Линијата на неговиот говор станува подлабока) Еве, пред само две години и мене ме стрефи инфаркт, и тоа на улица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ах! (Се фаќа за срце) Така е спарно, не се дише, а овој тапчо запнал за некаква Грета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)