година (имн.) - умре (гл.)

Истата година умре татко му. Аргир се стресе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во 1948 година умре тетка ми Ванка, сестра на татко ми.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги читавме натписите на надгробните споменици, ги разгледувавме фотографиите, пресметувавме кој на колку години умрел.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По осумдневно боледување од “блатна треска“, на 14 февруари 1908 година умрел “бакалот“ Марко Бошнаков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Машката геј-култура има создадено толку многу „комични претстави на сидата“, всушност, што канадскиот критичар Скот Алан Рејтер успеа на темава да ѝ посвети цел том.168 Австралискиот геј-активист Дејвид Мекдијармид, кој во 1995 година умре од компликации од ХИВ/сида и чие подоцнежно творештво се стремеше да промовира прифаќање на сексуалноста на ХИВ-позитивните геј-мажи во ера проткајана со тревожност и со очај, може да послужи како уште еден пример на оваа машка геј-културна навика на исмевање на ситуациите што се страшни и трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го измислил и мастилото за пишување, го отпечатил прв и извештајот на Колумбо по враќањето од Новиот свет, а сепак, кутриот, пред десетина години умре во родниот град во најголема сиромаштија. Многу поучно, нели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)