година (имн.) - им (зам.)

Во следните седум години им се родија четири деца...меѓу кои беше мојот дедо Нисе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пет години им требаше на „корењата“ за тивко да се рашират по телото на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На двајцата уште пред пет години им стана јасно кога од специјалната клиника за инвитро ги добија резултатите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имате половина час да го пополните тестот.“, со по малку пискав но сепак одлучен глас еден ученик на околу тринаесет години им даваше инструкции на неговите професори.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Крај неа сите старееја, само таа младееше, на сите годините им растеа, само нејзе ѝ се смалуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иако веќе со години им пишуваше на Римјаните, на Коринтјаните, на Галатјаните, на христијаните во Ефес, на Колос, а еве и на Македонците, секогаш пишувајќи многу и за себе, неговиот живот по оној пат кон Дамаск, всушност, можеше и многу просто да се смести во неколку реченици.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Марија се зачуди што не е истиот, оној кој повеќе години им носи пошта.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Поради тоа, нацистичка Германија морала да пристапи кон ревидирање на своите експанзионистички планови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По капитулацијата на Кралството Југославија, кралот Петар ИИ Караѓорѓевиќ и Владата го напуштиле Кралството Југославија и заминале прво во Египет а потоа во Лондон, каде што ќе останат за цело време на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа на нацистичка Германија и Хитлер, за првпат од почетокот на војната на 1 септември 1939 година им бил зададен "морален удар", кој не бил предвиден во агендата на Адолф Хитлер за потчинување на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристапувањето на Бугарија кон Тројниот пакт на 1 март 1941 година им ставило крај на британските намери да го ангажираат Иван Михајлов во организирањето отпор против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
СТЕВО: Вие сте првата која ги препозна. Со години им ги кажувам овие стихови на сите девојки со кои се запознавам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Испратен по деликатна задача во овој град, тој во Софија ги остави колегите од министерството, пријателите, своите подостарени родители, софијанци во неколку генерации на кои времето покрај годините им придодаде и старечка завист и цинизам, но пред сè, својата жена, и дојден во овој град што е сè уште паланка во споредба со царска Софија, покрај со проблемите на работата, непрекинато се оптоварува со продолженото останување на неговата Лила во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оние кои имаа петнаесет или шеснаесет години ги оставија во селото и наредната година им нарамија пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ЗВРС од 2007 година им даде право на азилантите да поднесат ба- рање за лична работна дозвола, додека лицата со признат статус на бегалец согласно овој закон имаат право да поднесат барање за лична работна дозвола со важност за неодредено време (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го молев да се преселам во неговиот дом, а тој ми објаснуваше дека им недостигаат пари и немаат доволно простор, затоа што секоја година им се раѓаше по некое дете: прво Матилда, потоа Мартин, па Оливер, Ернст, Софи, и на крајот Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, секогаш кога барем за миг останувавме насамо, а ретко кога останувавме насамо повеќе од неколку мига, јас одново го молев да ми дозволи да живеам во неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)